Германски туристи го посети Националниот парк Преспа

 

Група од 27 германски туристи го посети Националниот парк Преспа. Тие се на 14-дневна турнеја низ Албанија. Предводени од персоналот АДЗМ – Корча и Проект „Прекуграничен Биосферен резерват Преспа“, тие ги посетија остовот Мал Град, платформата за набудување во село Глобочани и уживаа во Македонската кујна.

Нивниот главен интерес како германски туристи беше да научат како Националниот парк Преспа и локалното население во Преспа можат да развијат одржлив туризам заснован на природата за доброто на природата и луѓето со поддршка на германската соработка. Тие беа длабоко фасцинирани од убавините на Мала Преспа.

Во Мала Преспа живеат околу 5 700 жители, сите од Македонско етничко потекло и со православна христијанска вероисповед.