
На 27 мај 2017 година, сабота, со почеток во 9 часот, во село Горно Крчиште – Полени -Маќелара, Република Албанија, ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Св.Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба на македонски јазик. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите Македонци од областа Голо Брдо и од цела Албанија. Програмата ќе биде збогатена со македонски песни и ора и вкусно македонско селско мени.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden