Големи поплави во Албанија, војската го евакуира населението (ВИДЕО)

Околу 200 приватни куќи во албанската општина Скадар беа поплавени поради обилните врнежи од дожд што паднаа претходните денови, но и од излевањето на реките, а албанската војска евакуираше бројни домаќинства. Според порталот „Албанија дејли њуз“, бројни куќи во општина Скадар и селото Ливаде останале без струја и вода и биле отсечени од светот, а некои патишта може да се поминат само со чамци.

Општината побара од владата да прогласи вонредна состојба во некои делови од неа. Ситуацијата е сериозна и во општина Валона, каде што поплавите создадоа сериозен сообраќаен хаос. Слична е состојбата и во пристаништето Драч, каде што сообраќајот на мали и средни пловни објекти е прекинат, а спорадични поплави се забележани во градот Лушња, каде што нивото на водата достигна 30 сантиметри.

Advertisement