
Градоначалникот на Булќиза, Лефтер Ала оствари средба со Македонците во селото Клење, областа Голо Брдо со кои разговараше за секојдневниот живот во селото. При тоа биле нотирани некои од најитните потреби на жителите што ги има областа Голо Брдо.
Со оглед што некои од побарувањата на жителите се совпаѓаат со плановите на Општината биле истакнати приоритетни како што е системот за водоснабдување, потоа подобрување на патната инфраструктура со што би се зголемиле можностите за развој и унапредување на туризмот во ова село и целата област Голо Брдо.
После средбата и конструктивниот разговор, жителите на селото Клење изразија благодарност до градоначалникот за присуството и неговиот интерес за проблемите, но и ставот дека барањата на жителите на областа Голо Брдо се реално остварливи.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden