Градоначалникот на Општина Пустец, Колефски оствари средба со градоначалникот на Општина Илинден, Стојановски

Делегација на Општина Пустец, Мала Преспа, Албанија предводена од градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, на 24.09.2019 година оствари средба со градоначалникот на Општина Илинден, Македонија Жика Стојановски. На средбада беа разменети мислења и искуства околу аплицирањето во Европските фондови, можности за прекугранична заедничка соработка. Оваа заедничка средба претставува темел за понатамошната меѓусебна соработка во иднина меѓу Општина Пустец, Мала Преспа и Општина Илинден.

Advertisement