Грција: Нова демократија нема да го поддржи Договорот од Преспа

Ставовите дека Договорот од Преспа „на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет“, но и дека Нова демократија нема да го ратификува ниту во овој ниту во следниот парламент, уште еднаш ги повтори лидерот на најголемата грчка опозициска партија Кирјакос Мицотакис.

Тој рече дека до договорот се стигнало во тајност, „во отсуство на народот, во отсуство на парламентот, во отсуство на опозициските партии“ и веќе носи негативни резултати за Грција. Договор кој искривувајќи ја 27-годишната националната линија на нашите соседи им отстапува македонски јазик и македонски идентитет. Тоа е договор кој секако Нова демократија нема шанси да го ратификува. Веќе веднаш произведоа негативни резултати, рече Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија, индиректно ја обвини грчката влада дека не реагира и не одговара на изјавите кои доаѓаат од македонскиот државен врв, а се однесуваат на македонскиот идентитет.