Илир Мета избран за нов претседател на Албанијa

Албанскиот парламент, без присуство на опозицијата за нов шеф на државата го избра Илир Мета,лидер на Движењето за социјалистичка интеграција и актуелен претседател на законодавниот дом. Со тајно гласање, за Мета гласаа 86 додека „против“  беа двајца пратеници.

Во денешниот четврт круг на гласање, единствен кандидат беше Мета,додека во претходнте три немаше кандидати. Албанскиот законодавен дом брои 140 пратеници. Според уставот се спроведуваат пет круга гласање. Во првите три круга,предложен кандидат за да стане шеф на државата треба да добие поддршка од  две третини од пратениците, односно 84 гласови.  Во четвриот и петтиот круг потребно е просто мнозинство од пратениците,односно 71 глас.

Четириесет и осум годишниот Мета е роден во градчето Чоровода, дипломирал на Економскиот факултет во Тирана, каде завршил  постидпломски студии во истата струка. Политички е активен уште од 1990 година за време на студентските движења за смена на комунистичкиот режим. Петнаесет години,од 1992 годна, е пратеник во албанскиот парламент а последните четири и претседател, премиер бил во два наврати, во периодот ноември 1999- септември 2001, како и  периодот септември 2001 февруари 2002 година. Пред да ја формира партијата Движење за социјалистички интеграција, во 2008 година, тој член на Социјалистичката партија. Оженет е со својата сопартијка и актуелен пратеник со Моника Круемади  и имаат три деца.

Мета е седмиот претседател на Албанија по падот на  тоталитаризмот во земјата ,кога за претседател беше избран Рамиз Алија,него го замени Сали Бериша,по кого беше избран Реџеп Мејдани, па Алфред Мојсиу,Бамир Топи и актуелниот Бујар Нишани