Инфраструктурни проекти во рамките на програмата „Интегриран регионален развој“ во областа Мала Преспа (ВИДЕО)

Инвестици во рамките на програмата „Интегриран регионален развој“ финансирана од албанската влада преку КФВ во износ од 60 милиони евра, со програмата се опфатени Општините Корача, Пустец, Валона, Поградец, Химара. Агенција за спроведување на програмата ќе биде Албанскиот фонд за развој. Во Општината Пустец проектот вклучува урбано подрачје Пустец и Зрноско и брегот на Преспанското Езеро. Проектите ќе вклучуваат патна инфраструктура, подземна инфраструктура, регенерација на езерото.

Директни придобивки ќе имаат околу 5.700 жители, етнички Македонци на општина Пустец, област Мала Преспа, која опфаќа девет села, покрај југозападниот дел на Преспанско Езеро. Со реализација на проектот ќе се придонесе во унапредувањето на ова подрачје како туристичка атракција, бидејќи од година во годна станува се поинтересна како за домашни, така и за странски турсти.

Advertisement