
Денеска во Пустец, областа Мала Преспа ИНТЕГРА, македонска конзервативна партија донираше учебници и работни тетратки по математика и природни науки за ученици во основното образование. Со цел да се реши проблемот, со кој се соочуваа училиштата во општина Пустец, кои се соочуваа со недостиг од учебници по математика и по природни науки на македонски јазик, на барање на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.
ИНТЕГРА Македонска конзервативна партија донираше учебници и работни тетратки по математика и природни науки, информираше Васил Стерјовски, лидер на МАЕИ и пратетник во албанскиот парламент од оваа партија. Додаде дека учебниците и работнте тетратки за наставните предмети за кои е предвидено наставата да се изведува на македонски јазик, се за учениците од прво до петто одделение во две училишта во оваа област,ОУ „Отпорот на Горичени“ во Долна Горица и „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец.
Според законската регулатива во Албанија, образовниот процес во Општина Пустец, Мала Преспа, каде што живее признато македонско малцинство, 60 осто од наставата треба да се изведува на македонски јазик, но за жал учениците немаат учебници на македонски јазик,па мора да учат од учебници на албански или наставниците да предаваат а учениците да запишуваат, вели Стерјовски, кој искажа голема благодарност за донацијата, која, како што вели, е повеќе од добредојдена. Во деветте села на општина Пустец настава следат околу 200 ученици, од нив четириесеттина се во гимназијата, додека останатите во деветолетките и нивните подрачни училишта.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden