Интервју за Телеграф: Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана

Колку и да негира Македонците во Албанија се тука, постоеле и ќе постојат. Премиерот може да направи една обиколка во Голо Брдо, Гора и на други места и да се увери, вели Никола Ѓурѓај. Македонците во Албанија се револтирани од изјавата на премиерот Еди Рама кој се обиде да го минимизира нивниот број нарекувајќи ги „мало семејство“. Никола Ѓурѓај од македонското друштво „Илинден“ објаснува дека изјавата на Рама е неоснована и дека Македонци во Албанија има 120.000, и тоа во Голо Брдо, Гора, Мала Преспа, Врник и во цела земја.

Колку и да негира Македонците во Албанија се тука, постоеле и ќе постојат. Премиерот може да направи една обиколка во Голо Брдо, Гора и на други места и да се увери. Тој во кабинетот има луѓе што се Македонци по потекло. Тој убаво знае колку сме. Ова е поради тоа што коалицираме со Социјалистичкото движење за интеграција. Зошто не кажуваше така кога бевме во коалиција со Социјалистичката партија – вели Ѓурѓај за Телеграф.мк.

Рама пред неколку дена рече дека Албанија давала позитивен пример во имплементација на правата на малцинствата. Го почитуваме фактот што тие се едно мало семејство Македонци што ги имаме меѓу нас. Давајќи го примерот дека ги почитуваме како да се дел од нас, ние им кажуваме на нашите соседи за толку малку ваши луѓе тука ние ги почитуваме исто како и нашите луѓе, но за толку многу наши луѓе таму вие што правите!? Затоа што Албанците во Македонија не се малцинство, тие се државотворен ентитет – изјави Рама.

Advertisement