Историско за Македонците отворањето на граничен премин кај „Маркова Нога-Герман“-Преспа

Потпишаната спогодба меѓу министрите Никола Димитров и Сиа Анагностопулу за отворање на новиот граничен премин во регионот на Преспанското езеро, „Маркова Нога-Герман“-Преспа наиде на позитивни реакции  од надлежните органи во локалната самоуправа во регионот Преспа.

Алтернативната шефица на грчката дипломатија, градоначалникот на Преспа, го изразуваат нивното задоволство за спогодбата и коментираат дека со тоа, се дава позитивен одговор на долгогодишните барања на жителите на областа Преспа. Отворањето на овој премин го посакуваа многу жители на регионот на Лерин, а ќе следи уште еден во Пела, вели Анагностопулу.

Градоначалникот на Општина Преспа, Панајотис Пасхалидис, преку писмена изјава го изразува неговото задоволство од потпишаната Спогодба и изразува надеж и очекување дека набргу спогодбата ќе се интегрира во законите на земјата и ќе има најширок можен консензус од политичките сили во Грција за ова едногласно барање на жителите на Преспа. Ова е голем ден за Преспа, по 52 години, повторно се отвора граничниот премин во Герман, вели градоначалникот на Преспа, и додава дека општината, во соработка со периферијата и војската веднаш ќе работи на спроведување на спогодбата.

Следниот ден за периферијата и за односите со Македонија и Албанија е многу поразличен по меѓудржавната спогодба за отворање на граничниот премин во Герман кај Преспа, вели Карипидис и додава дека ќе тоа го подигне развојот во регионот на Преспа. Во четвртокот, на ден пред потпишувањето на спогодбата во Скопје меѓу Димитров и Анагностопулу, се одржа посебен состанок за координација на активностите и за финализирање на процедурите што се однесуваат на отворањето на граничниот премин.

Карипидис, на состанокот истакнал дека станува збор за голема иницијатива по барањата на луѓето и од двете страни на границата кои сакаат да комуницираат и да соработуваат и да помогнат во приближување на односите и развој на туристичкиот производ. Тој додал дека веќе имаат обезбедено пет милиони евра од меѓудржавни програми за инфраструктурата.

Отворањето на граничниот премин „Маркова Нога-Герман“-Преспа е важно за регионот на Преспа и ќе го јакне локалната економија, како и зајакнувањето на врските меѓу Македонците во овој регион pподелени во Албанија и Грција.

Advertisement