Италијански авиони откриваат локации со дрога во Албанија

Албанската полиција, заедно со специјалните италијански полициски сили, повторно почна акција за откривање локации засадени со дрога. Според албанското МВР, откривањето се врши со специјални авиони, кои ги фиксираат и откриваат локациите каде што се врши производство на дрога. Истите извори наведуваат дека во изминатите два дена, покрај старите многубројни локации, евидентирани се и нови засадени со марихуана.

Акциите се кординирани од страна на полициите на Албанија и Италија во согласност со договорот помеѓу Тирана и Рим за спречување на масовното производство на дрога во Албанија, која потоа во најголем дел се пренесува во Италија. Производството и шверцот на дрога во Албанија создаваат големи проблеми и во Италија бидејќи само во последните месеци двете полиции открија и запленија над 30 тони дрога