Рускиот амбасадор во Тирана: Русија не е против европските перспективи на земјите од регионот (ВИДЕО)

Рускиот амбасадор во Тирана, Александар Карпушин изјави дека Русија не била ниту е против европската перспектива на Албанија и другите земји од балканскиот регион. Тој во интервју за албанската телевизија Ora News рече дека „несериозни се тврдењата на  одредени земји во Европа дека има зголемено руско влијание во регионот. Ние не сме против европските определби на земјите од Балканот и нема аргументи и факти дека има руско влијание“.

,,Каде се 4оо-те руски офицери во регионот за кои беше објавено од страна на одредени албански медиуми  и аналитичари“, истакна за албанската телевизија рускиот амбасадор во Тирана. Според него, ,,зголемениот број на написи и коментари во Европа, па и Албанија околу руското влијание на Балканот и тоа преку бомбастични наслови како што се: руска експанзија, руска агресија, руско влијание, се праваат само заради зголемување на тиражите на весниците и таквите написи се невистинити.