
Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија село Пасинки шест дена без струја.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо го повикува Владата и Општина Булќиза итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо. – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Фатри Фетаху.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden