Kатастрофална состојба Македонците во село Пасинки областа Голо Брдо без струја

Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија село Пасинки шест дена без струја.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо го повикува Владата и Општина Булќиза итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо. – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана  Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Фатри Фетаху.

 

Advertisement