Кина најавува големи инвестиции во Македонија

Кина планира големи инвестиции во Македонија, пред се инфраструктурата, енергетиката, и образованието, најави кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо. Оваа далечна источна земја ги финансираше двата автопати од Скопје до Штип и Кичево-Охрид, но сега во фокусот е иницијативата наречена „Појас и пат“. Дел од неа е и планираната изградба на брза железница која би требало Солун да го поврзе со Скопје, Белград и Будимпешта. Засега се гради само делницата Белград-Будумпешта, а дали и кога идејата за брза железница низ Македонија ќе стане реалнсот, амбасадорот без конкретен одговор

Амбасадорот Ѕуо оценува дека Македонија и Кина имаат одлична економска соработка и очекува таа да се зголеми во новата година. Трговскиот обем меѓу двете земји достигнал 650 милиони долари, со што Кина останува најголем трговски партнер на земјава надвор од Европа. Од амбасадата се пофалија и дека од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, Кина обезбедила финансиска помош во вредност од 45 милиони евра во делот на образованието, медицината и здравството. Последната донација беше пред неколку недели, а со неа државава доби 104 амбулантни возила и медицинска опрема. Покрај трговската размена, раст бележи и посетата на турсти од Кина.. Лани Македонија ја посетиленад 14 илјади.