Лавров го повика Ирачки Курдистан на дијалог со Багдад

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика властите на Ирачки Курдистан на дијалог со Багдад за да се избегне појава на нови „извори на нестабилност“. Ги разбираме тежнеењата на курдскиот народ кои се однесуваат на јакнење на нивниот идентитет. Но сметаме дека исполнувањето на тие тежнеења може да биде спроведено само по пат на дијалог со ирачката Влада, наведе Лавров на заедничката прес-конференција со шефот на ирачката дипломатија Ибрахим ал Џафари.

Лавров, исто така, рече дека треба да се земе предвид значењето на курдското прашање на регионално ниво за да се избегне создавање други извори на нестабилност во регионот. Изборната комисија на Курдистан денеска соопшти дека ниту една од политичките партии во Ирачки Курдистан не предложи кандидати, поради што изборите за претседател и за регионалниот Парламент ќе бидат одложени.