Летен камп на македонските џудисти во Албанија

 

Македонските џудо клубови „МИОКИ“ од Скопје и „ДРИМ“ од Струга организираа осумдневен џудо камп во (Голем) Драч во Албанија. Одлуката на раководствата на овие клубови за избор на Голем, како дестинација на овогодинешен камп за македонските џудисти, била донесена со оглед на фактот што дестинацијата ги нуди сите услови за одржување на утрински и вечерни тренинзи. Секако, тука спаѓаат и кондиционите подготовки, како утринското трчање, пливањето, физичките вежби на плажа. На општо задоволство, и сместувањето и храната се во очекуваните рамки, така што, и од таа гледна точка, македонските џудисти се задоволни од престојот во албанскиот туристички центар, Драч.

Тренинзите ги држат тренерите на двата клуба, од „МИОКИ“ Игор Паскоски и од „ДРИМ“ Ѓорѓија Стојанов. Во нивната работа помага и џудистката Кристина Јазаџиќ, а децата се стекнуваат со голема психофизичка подготвеност што ќе им помогне во борбите кои ги очекуваат на државни и меѓународни натпревари. Благодарение на ваквите џудо кампови, кои се практикуваат заради задржување на континуитетот на подготвеноста на џудистите од овие два клуба, децата придонесуваат во тоа „МИОКИ“ и „ДРИМ“, да се најтрофејните џудо-клубови во Македонија.

Advertisement