Лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша Избори без опозиција се нелегитимни

Лидерот на опозициска сила Демократската партија Љуљзим Баша изјави дека избори без учество на опозицијата, во земја членка на НАТО, се неприфтливи. Ова јасно му им го кажавме и на европските олеснувачи за надминување на полтичката криза. Албанија е во длабока политичка и изборна криза. Изборите се во опасност, изјави Баша, гостувајќи во телевизиска емсија.

Ова следува по изјавата на амерканскиот амбасадор во Тирана Доналд Лу, во која тој оценува дека изборите се легитимни и легални и без учество на опозицијата. Се уште има простор за излез од политичката криза во Албанија. Разговорите не се еднодневни, туку тоа е подолг процес, кој бара време.

Advertisement