Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски освари средба со лидер на СДСМ Зоран Заев

Вечерва во Владата на Република Македонија се одржа лидерска средба на премиерот на Владата на Република Македонија и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На средбата беше разговарано за актуелните политички случувања, за тековните преговори со Грција, за изборниот законик и за избор на членови на Државната изборна комисија, како и за можноста за враќање на опозицијата во Собранието. По средбата во изјавите за медиумите беше најавен и можниот консензус за најголем број закони од реформскиот пакет, за кои во изминатиов период преговараа работните групи на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ.

 

Advertisement