Локалните избори се распишани граѓаните ќе избираат локална власт на 15 октомври

Граѓаните ќе избираат градоначланици и локални совети на 15 октомври. Преседателот на собранието повика на одговорно однесување за време на изборната кампања на сите учесници. Апелирам со сите учесници во изборниот процес да се однесуваат во согласност со Уставот и законите, а надлежните институции да се погрижат денот на изборитеда протече во мирна, демократскаи фер атмосфера, како што заслужуваат граѓаните.

Граѓаните по мнозински изборен модел во два изборни круга ќе избираат 83 градоначланици, вклучително и градоначланик на градот Скопје. Според законските регулативи локалните совети ќе бројат од девет до 33 члена зависно од гоелмината на локалната самоуправа. Скопјани ќе бираат 45 советници во градскиот совет.

Изборната кампања ќе почне на 25 септември и ќе трае 20 дена. Во тој период, Собранието ќе работи, но нема да се одржауваат пленарни седници со цел народните избраници да не ја злоупотребат говорницата за промоција и кампања.

Мандатот на тековните совети и граодначланици истче уште пред неколку месеци. Првично локалните избори требаше да се одржат во април, но поради претходната политичка криза и пролонгираното составување на Влада политичките партии како нов датум за одржување на изборите го договрија 15 октомври.

Advertisement