
Република Македонија повторно ќе биде во центарот на кајак случувањата. Овој пат, во Скопје ќе се одржи Европското првенство во кајак на диви води, спринт и класик, во сениорска конкуренција. Со повеќе од 170 учесници од 18 држави, според сите најави, на Вардар и Матка ќе гледаме одлични трки со едни од најдобрите кајакари од стариот континент. „Голема е честа, но и одговорноста за организација на еден ваков настан каков што е Европско сениорско првенство во кајак на диви води во спринт и класик.
„Припремите за старт на Европското првенство во кајак на диви води е во завршна фаза. Очекуваме оклу 180 старта, што укажува на масовност на ова натпреварување, а за квалитетот зборува учеството на словакот Матеј Пенуш, второпласираниот на ОИ Рио, Нејц Ждинанчиќ од Словенија, Томислав Леко од Хрватска, како и одличниот тим од Франција, сите кои во моментов се во врвот на европскиот и светски врв, кажа Атанас Николовски.
Посебно е задоволството што овогодинешниот меѓународен календар на натпревари стартува токму од Македонија, која е домаќин на Европското јуниорско во 2018, но е и еден од посеризните кандидати за организација на светското сениорско кое е на календарот на натпревари во 2019. Македонскиот тим брои седум натпреварувачи од кои четворица во К1, 1 во Ц1 и двајца во Мастерс. Најмногу се очекува од Љубомир Спасиќ, вториот од европскиот куп во спринт.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden