Македонија: Нови премини кон „Клепало“ кај Берово и „Црна скала“кај Делчево

Граничниот премин „Црна Скала“ е од голема важност за жителите на Пиринска Македонија, а работите, сепак цели 18 години не мрднале од мртва точка. За проектот во 2001 година се потрошија 1,7 милиони евра за пробивање, за тампонирање и за изградба на патот. Меѓутоа, како што вели делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, подигнати се повеќе потпорни и заштитни ѕидови и останато е на тоа.

„Објаснувањето за стопирање на работите од македонска страна тогаш било дека проектот не е почнат од бугарска страна. Овој проект би бил од огромно значење за жителите од двете страни на границата бидејки со него се скратува патот до Софија за околу 40 километри и секако би бил од огромна корист за Македонците во бугарија за економски развој на регионот Пирин.

Според Трајковски, во 1993 година било договорено од македонска страна да биде изграден граничниот премин „Клепало“ кај Берово за двете погранични служби, а Бугарите презеле обврска да изградат граничен премин за двете гранични служби на преминот „Црна Скала“. Но, и покрај 26. поминати година не е изграден ниту еден од двата гранични премина, а релаксацијата на односите меѓу двете земји во последно време е причина за верување дека нештата, конечно, ќе се придвижат.
Advertisement