
Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево зафати делови од Скопје. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Дел од медиумите пренесуваат за пријавени штети на станбени објекти како и на урбаната инфраструктура.
УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden