Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) бара ослободување на Едмонд Темелко

Едмонд Темелко кој е во Истражниот затвор “Скопје“, се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба. Роднините на Едмонд Темелко, не информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега.

Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) апелира до македонските институции итно да ги преземат сите потребни чекори за да се надмине оваа ситуација и да помогнат да се дозволи потребната лекарска нега за Едмонд Темелко, пред да биде предоцна.

Држењето во притвор на Едмонд Темелко во крајно сериозна здравствена состојба е чин на злосторство кој не и служи на чест на нашата држава и претставува навреда за сите Македонци во Република Албанија, кој бараат запирање на политичкиот прогон против Едмонд Темелко, а политичките сили во Република Македонија да покажат повеќе национална одговорност – стои во соопштението на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ).

Advertisement