Македонска алијанса за европска интеграција со собир во Пустец заврши изборната кампања 

Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, синоќа го одржа завршниот собир во рамки на изборната кампања за локаланите избори што ќе се одржат утре во Албанија. На собирот беа претставени кандидатите за членови во новиот состав на Советот на општината, како и кандидатот за градоначалник, Едмонд Темелко, кој по четвртипат ја побара довербата на жителите од оваа општина.

Ви благодарам на сите што дојдовте денес на овој голем собир во Пустец на Македонска Алијанса за Европска Интеграција. Денеска докажавме во колку голем број не има а во уште поголем број ќе докажеме на 30 јуни со заокружуавање на бројот 2 за градоначалник и за бројот 31 за советници. Да гласаме за вистината, за нашата заедничка подобра иднина. Преспа пред се, порача Темелко пред насобраните граѓани, Тој наброја дел од многуте реализирани проекти со кои видно се подобрени условите за живот на жителите од деветте населени места а во програмата за следните четири години рече дека се предвидува реализација на многу проекти кои ќе создадат услови за развој на, пред се езерскиот туризам, за што постојат идеални услови, создавање нови работни места и задржување на младите во родниот крај, како и активности за зачувување на македонскиот идентитет, култура, обичаи и традиција.

Се заблагодари за подршката и присуството на собирот на претставниците на Македонците од Гора, Голо Брдо и од Пиринска Македонија, како и преспанскиот херој Васил Јанкула. Темелко на претходните избори, 2007, 2011 и 2015 година за градоначалник беше избран со околу 80 отсто од гласовите а партијата обезбеди седум од вкупно 13 колку што членови брои советот. Негов противкандидат на овие избори е Пали Колевски, кој е кандидат на Социјалиситичката партија, што ја предводи изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“, која исто така има кандидатска листа за советници.

Advertisement