Македонската кошаркарска репрезентација со победа над Косово

Македонската кошаркарска репрезентација стигна и до третата победа во претквалификациите за Европското првенство во 2021 година, триумфирајќи вечерва над Косово со резултат 78:68. Натпреварот во Гевгелија помина во доминација на избраниците на Јорданчо Давитков и постојано водство на Македонија, а гостите најдобро одиграа во вториот период по кој на полувреме стигнаа до 39:35. Солидниот трет период за нашите кошаркари ја обезбеди победата, па во последните десет минути Косово успеа само да намали дел од негативата за конечни 78:68. Трајковски со 23 и Витингтон со 15 поени беа најефикасни кај нашата селекција, додека во редовите на Косово најдобар поединец беше Бериша со 19 поени. Македонија ќе го заврши настапот во квалификациите со дуелот во Романија на 8. февруари, а досега имаме три победи од три натпревари.