Во албанското пристаниште Драч забележан е рекорден број патници, главно пчелбари, кои со траекти доаѓаат во родниот крај. Меѓу патниците има и поголем број македонски државјани, пред се од Италија и Германија, кои потоа патот го продолжуваат за нивните родни места, каде по традиција го минуваат летниот одмор. Главно станува збор за печалбари од дебарско-реканскиот крај и подрачјето на Жупа. Според Капетанијата пристигнале пет траекти со околу 5.000 патници и 1.050 возила. Поради масовното доаѓање на печалбарите, според Капетанијата превземени се сите потребни мерки со цел олеснување на влезот на патниците.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
