Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата на Албанија да се форимираат општина Голо Брдо и Гора, пет години од териториалната поделба и нема просперитет за регионите Голо Брдо и Гора

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо беа убедени дека терториална поделба во Албанија што се спроведе во 2014 година немаше да донесе просперитет за Голо Брдо и Гора се одбележуват пет години и регионите не е подобрено ништо дури е влошено ситуацијата. Македонското малцинство во областите Голо Брдо и Гора, спојувањето на општините го смета како чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора. Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците во областите Голо Брдо и Гора, туку го отежна животот на жителите. Имено, за еден извод треба да се патуваат два часа, а да не говориме за други катадневни неоходности.

Поради тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара од Владата на Република Албанија и Министерот за локална самоуправа да форимираат посебни две општини и тоа општина Голо Брдо и општина Гора. Впрочем, ваков беше и предлогот на македонското национално малциство во Република Албанија предложи пред да почне терторијална поделба. – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо г-дин Или Халилај.