Македонско друштво “Илинден”-Тирана две година член на Федералната Унија на Европските Националности

Македонско друштво “Илинден”-Тирана две година член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Македонско друштво „Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во мај 2015 година, кога беше донесена едногласна одлука од страна на Генералното собрание на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) , на 60­ – от Конгрес одржан во Комотини, Република Грција. На тој начин Македонско друштво „Илинден”-Тирана стана прво друштво на Македонци надвор што стана рамноправен член со право на глас. Во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) членуваат повеќе од 90 друштва на прпадници на малцнства од 32 земји во Европа.

Advertisement