Македонско друштво „Илинден“-Тирана ги повика Македонците во округот Корча масовно да излезат на гласање и да го подржат Васил Стерјовски

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ги повикува сите Македонци во Мала Преспа, Корча, Поградец, Девол и целиот регион на Корча, да излезат масовно на парламентарните избори в недела и да гласаат за Васил Стерјовски број 12. Друштвото подготви и видео запис со инсерти од прекрасните предели на Мала Преспа и од Корча а поралата ја упатва Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Ги повикувам сте Македонци да гласаат за Васил стерјовски, кој е на 12 место на зборната лста на Социјалистичката партија, бидејќи со Васил Стерјовски македонската заедница може да ги оствари. Со него македонската заедница ќе има свој достоен претставник во албанскиот парламент. Излезете масовно на избори и подржете го Васил Стерјовски, апелира Ѓурѓај. За МИА, тој додава дека за доброто на сите Македонци во Албанија и понатаму треба обезбедат прсуство во албанскот законодавен дом а тоа треба да биде Стерјовски, зашто веќе го докажал.

Повеќе од неопходно е да го продолжиме нашето присуство во албанскиот Парламент со наш достоен и достоинствен претставник, како што е Стерјовски. Тој покажа и докажа дека малцинските права најдобро може да ги одбрани човек кој потекнува од средината на тоа малцинство и кој не се страм да каже дека е Македонец, оценува Ѓурѓај. Додава дека и со досегашното присуство, иако во скратен мандат, Стерјовски покажал дека македонското малцинство има достоен претставник на политичката сцена во Албанија, кој сесрдно се залага за правата и добробитта на македонското национално малцинство во оваа земја.

Коалицијата МАЕИ и СП ќе овозможи интеграција на Македонците во владините институции, засилен и брз економски развој на областите каде што живеат Македонци, Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник и цела Албанија, како и заштита на македонските јазик, култура и обичаи, констатира Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден“-Тирана и познат публицист.

Advertisement