Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонците во Албанија да гласат за Македонија на годинешната манифестација Песна на Евровизија 2019

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Албанија да гласат за Македонија на годинешната манифестација Песна на Евровизија 2019 во Тел Авив, Израел од 14 -18.05.2019 година, Република Македонија ќе биде претставена од Тамара Тодевска ќе учествува на полуфинална вечер на 16 мај 2019 година и зависно од Вашите гласови, се очекува да биде пласирана за финалната вечер што ке се одржи на 18 мај 2019 година.

Гласовите кои ќе бидат дадени од Албанија, ќе можат да му помогнат на нашиот претставник да учествува во финалната вечер. За финалната вечер која ќе се одржи на 18 мај 2019 година се квалификуваат по десет земји од двете полуфинални вечери кои ќе добијат најмногу гласови (50% од вкупните гласови се добиваат од гледачите, а преку гласање со телефонски повик или СМС порака). Молиме активно да се вклучите во лобирање за гласање, (покрај Вас и Вашите најблиски), од страна на Вашите пријатели, колеги и познаници. На тој начин ќе и дадеме поддршка на културата на татковината Македонија и нејзината промоција во музичкиот свет во Европа. – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.