Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува повикот на грчките воени сили во воената парада одржана во Атина и Солун

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува повикот на грчките воени сили во воената парада одржана на 25.03.2019 година во Атина и Солун. Со пароли антимакедонски, антиалбански и антитурски. Ваквите пароли антимакедонски, антиалбански и антитурски се скандалозни и насилни. Згрозени сме од овој вандалски и нецивилизиран чин кој не доликува и нема место на тлото на Европа. Но треба труд и храброст за да се изградат искрени и пријателски односи помегу Македонија, Грција и Турција. Апелираме на промисленост и одговорност до владата на Република Грција. Балканот треба да се одлепи од омраза и ксенофобија. Од историјата на омразата и војните меѓу народите кои никому ништо добро не донеле. – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај.
Advertisement