Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана по повод деветгодишнината од основањето додели Благодарници “Илинден”

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај, по повод деветгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден”. Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција. Со тоа помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Албанија и афирмација на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана, Албанија континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Една од задачите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба сред населението во Албанија. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана  изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница “Илинден”.

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

г-дин Едмонд Темелко – Гадоначалник на општина Пустец и Претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ)

г-дин Тодор Петров – Претседател на Светски македонски конгрес (СМК) Скопје, Република Македонија

г-дин Слободан Петров – Хановер, Германија

Печатница Европа 92 Кочани, Република Македонија

г-дин Агим Синанај  активист во областа Голо Брдо, член на Mакедонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо

Advertisement