Македонско друштво “Илинден”-Тирана со препораки до владата на Албанија и Македонија за заедничката седница

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ја изразуваат својата загриженост и посочуваат дека се згрозени од положбата на Македонците во областа Голо Брдо и бара од владата на Република Македонија и на Република Албанија на заедничката седница на Владите на Албанија и Македонија која ќе се одржи во Поградец.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ги дава следниве препораки:

1. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара од Влада на Република Албанија новиот автопат од Тирана до граничниот премин Блато, Рпеублика Македонија да има крак и да го поврзи и обласата Голо Брдо. Со ова ќе му се помогне на Македонците од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област. Воедно, ќе се овозможи на поголем број туристи да ја посетат областа Голо Брдо која изобилува со природни убавини.

2. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо бара од Влада на Република Албанија и Владата на Република Македнија граничниот премин Џепиште – Требиште Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година од локален премин од трета категорија да премини на регионален премин од втора категорија. Со ова ќе му се помогне на Македонците од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област – стои во сопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо.

Advertisement