Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестуваше на работен состанок на групата на словенските малциства од Eвропа

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана како рамноправна членка на Унијата на европските националности (ФУЕН) и како дел на групата на словенските малцинствата од Европа учестуваше на работен состанок на групата на словенските малциства. Покрај другите, во работа на групата учестуваше и Никола Ѓурѓај претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај информира за состојбата на Македонците во Република Албанија.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на работниот состанок оствари средби Тања Новотин Галубич, заменик-градоначалник во Бјеловарска – Билогорска Жупанија од редовите на чешкото малциство во Хрватска. Исто така, имаше средба и со Бернхард Зиец, претседател на работната група, и дел од бордот на Домовина, Федерација на Лужичките Срби во Германија и со Рејска Липичец од Федерација на Лужичките Сорби во Германија и пројект менаџер на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Advertisement