
Етничките Македонци од Албанија, мегу првите, се организираа во собирањето материјална и финасиска помош, за настраданите во Драч,Туман,Тирана и Лач од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија утрото на 26 ноември. „Најмасивно и најорганизирано е во средините каде има поголема концентрација етнички Македонци, како Голо Брдо и Мала Преспа. Во собирањето помош, се вклучија сите 9 села од областа Мала Преспа.
Акцијата се води организирано и координирано од страна на градночалникот на општина Пустец, Пали Колефски и претседателот на и Македонската алијанса за европски интеграции (МАЕИ) и пратеник во албанскиот парламент Васил Стерјовски.
Акцијата продолжува и понатаму, сега главно со финансики прилози, зашто веќе е прибрана и испорачана помош во храна, прехрамбени артикли, вода, сокови, средства за одржување на хигиената. Голема благодарност до Македонците од Пустец и од Голо Брдо кои масовно се одѕваа на иницијативата со. Македонците ја потврдија хуманоста по која се познати, изјави Стерјовски за Македонски весник Илинден.
Стерјоски, информираше дека викендов во Охрид, ќе заседава Централниот комитет на партијата, кој треба да избере потпретседател, генерален секретар, како другите органи на партијата. Посочи дека седницата ќе биде искористена за договор, околу натамошното спроведување на собирната акција на производи и финасиски средства за настраданите од земјотресот. Акцијата за собирање помош, активно се вклучени и верниците од Мала Преспа, преку тамошната православна црква.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden