Македонците од Албанија со свој производи на саемот на Федералната унија на европските националности во Холандија 

Во холандскиот град Леуварден почна со работа 63 Конгрес на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, на кој учествува и македонското друштво “Илинден“-Тирана. Пред официјалниот почеток на Конгресот отворен беше саем на кој претставниците на малцинствата од Европа, на свои штандови претствија дел од традиционлани производи,како и пропаганден материјал. Нашето друштво за првпат има свој штанд, побуди голем интерес. Имаме изложено производи кои Македонците во Албанија ги произведуваат, ајвар, ракија, вино, колачиња, кои ги прават нашите жени за одбележување на слава, тиганици (мекици).

Исто така имаме пропаганден материјал на кој се претставени македонскиите носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник на македонски јазик “Илинден“, – вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и учесник на Конгресот, во изјава за Македонски весник “Илинден”. Покрај другото на Конгресот се очекува да биде усвоена Резолуција за правата на македонците во Албанија, предложена од македонско друштво “Илинден“-Тирана кое е единствено друштво што ги претставува Македонците на овој собир.

Конгресот што го организира Советот на Фризиското движење, организација, членка на ФУЕН, ќе трае до 24 јуни а учествуваат 250 претставници од 90 друштва на малцинства од 32 земји во Европа. Македонско друштво „Илинден” рамноправен член на ФУЕН е од средината на мај 2015 година.

Advertisement