Македонците во Албанија во село Горно Крчиште го прославија празникот Спасовден (ВИДЕО)

 

Македонците во Албанија на 27.05.2017 година во Горно Крчиште општина Маќеларе традиционално го одбележа големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Св.Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата каде се одржа богослужбата на македонски јазик. На прославата присуствуваа Македонци од Ербеле и Крчишта и Македонци со потекло од овие села а кои се населени во различни градови во Албанија и во Македонија присутни беа и преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

На 13 јуни 2009 година се изврши преосветување на црквата Св.Спас која со помош на Македонците од Крчишта посебно на Лефтер Радевски црквата повторно се догради. Инаку селата Долно Крчишта, Горно Крчиште и Ербеле се македоноски села кои се наоѓаат во Општина Маќеларе  оддалечени 10 километри од Дебар. Со поделбата на Македонија во 1913 овие села припаѓаат на Кралството СХС а од 1925 заедно со областа Голо Брдо потпаѓаат под Албанија.  Македонците од овј краеви се раселени низ Албанија сепак не го забораваат своето македонско потекло и одлично го зборуваат македонскиот јазик.

 

https://www.youtube.com/watch?v=iVME10oybbA&feature=youtu.be

 

https://www.youtube.com/watch?v=sSrDSvyDnjM

Advertisement