Манастирот Св. Јован Бигорски со видео посветено на Неделата на простувањето – Прочка (ВИДЕО)

Манастирот Св. Јован Бигорски, подготви видео со наслов „Умилителна Вечерна на простувањето – Прочка во Бигорски“, во кое се искористени материјали од минатогодишното празнување во Бигорски, за време на Неделата на простувањето – Прочка. Од особено значење е тоа дека, богослужбата од ваков вид, всушност е една древна традиција која оставила силен впечаток меѓу нашиот народ. На тој ден луѓето се охрабрувале да си подадат рака и да си простат и одново го започнувале своето пријателство. Еден од друг, молејќи за прошка, се соединувале преку љубовта, единството и братството, за очистени да го започнат Големиот Велигденски Пост.

 

 

Advertisement