Маж спасен по седум часа минати под урнатини во Туман (ФОТО)

Во медиуми се појави фотографија на маж, целиот прекриен во прав, како го спасуваат од под урнатините во Туман кој утринава беше погоден од силниот земјотрес. Мажот на возраст од околу 50 години бил извлечен од под рушевините после седум часа. Тој не бил посериозно повреден, а веднаш му била укажана прва помош.

Advertisement