Мета: Ги отфрли дилемите за негово заминување од претседателската функција

 

Илир Мета ги отфрли сите дилеми за негово можно заминување од претседателската функција. Напротив ќе ја искористи моќта како претседател по 24 јули  да не им дава декрет на премиер или министри кои, како што рече, го злоупотребуваат слободниот глас на граѓаните. Мета побара од техничкиот министер за внатрешни работи да ја стави под контрола полицијата бидејќи според него има информации дека високи полициски структури вршат притисок за изборни измами во корист на владејачката партија.

Предупредувам кој што ќе помисли дека може да стави рака врз слободниот глас на албанските граѓани, нема да има декрет ни за премиер ни за министер. Декретите ќе дојдат само ако имаме чесен изборен процес и ништо друго, точка. Сакам да кажам дека се набљудува однесувањето на сите полициски шефови, се следи нивното работење, и ако се забележат незаконски постапки, нема ништо да ги спаси“.