Мета: Не се плашам од мислењето на Венецијанската комисија

Албанскиот претседател Илир Мета е убеден дека со одложувањето на изборите на 30 јуни го бранел Уставот и политичкиот плурализам и оти воопшто не се плаши од мислењето на Венецијанската комисија. Ставот на Мета следува откако беше објавена информација дека мислењето на Венецијанската комисија е дека тој го прекршил Уставот со уредбата за одложување на локалните избори, иако официјално треба да биде објавено на 11 октомври.

Во ексклузивно интервју за тиранската телевизија Ора њуз, тој самиот се симболизира со меѓународната награда „Златен лав“, што ја доби за годинава, и додава дека и покрај мислењето на Венецијанската комисија на 11 октомври, тој ќе остане на функцијата до 24 јули 2022 година.

Како може „Златниот лав“ на Венеција да се плаши од Венеција, барем за оваа година. Бидете сигурни дека „Златниот лав“ на Венеција“ за оваа година ќе биде претседател, како што вети, до 24 јули 2022 година. Ниту најмалку не сум загрижен. Нула грижа. Претседателот на Републиката направи нула прекршувања на Уставот и направи одлична одбрана на Уставот и на политичкиот плурализам – изјави Мета.

Во врска со датумот 11 октомври, кога Венецијанската комисија треба офцијално да го објави мислењето, тој вели дека „тоа е завршена работа“.

Тоа е една заврша работа. Никој да не се заморува и да не се занимава со датумот 11. Датум 11 не постои. Датум 11 постои за оние кои сакаат да ја продолжат кризата, да ја продлабочат и да покријат многу други проблеми. За претседателот Мета има само еден важен датум, 18 октомври, за Албанија да може да се придвижи кон отворање на преговорите и да ги исполни сите обврски што се јасни и кои не треба да се зголемат. Мојот апел е сите да се фокусираат на решавање на кризата и да го земат примерот на претседателот во зачувување на Уставот и неговите начела, што за мене се светост – посочува Мета.

Advertisement