Мета: Остро критикува за нападите на симпатизерите на ЛСИ

Новоизбраниот  претседател и екс лидер на Движењето за социјалитичка интеграција (ЛСИ), Илир Мета, од Лежа каде што беше во посета на симпатизер на ЛСИ, кој синоќа бил нападнат, изјави дека „ќе го вооружи народот доколку полицијата не ги врзе овие загари“, посочувајќи на извршителите на нападот.

Ви велам дека ќе го вооружам народот доколку полицијата не ги врзе овие загари, порача Мета од Лежа. Неговата изјава предизвика остри реакции кај политичарите кои го обвинуваат за поттикнување насилство, имајќи ја предвид позицијата на Мета, како претседател. Реагираше и премиерот и лидер на социјалистите, Еди Рама. Жал ми е, тешко ми е. Се чувствувам загрижено кога гледам нешта кои не би сакале да ги видиме. Кога ќе го слушнам она што Албанците не сакаат да го слушаат, како што се заканите.

Инаку симпатизерот на ЛСИ Ѓовалин Ѓини од селото Рабоште при излегување од продавнца бил нападнат од тројца маскирани и вооружени лица, кои го удирале со тврди предмети, при што се здобил со тешки повреди. Бил пренесен во болницата во Лежа каде му била дадена потребната медицинска услуга.