
Стратешкиот избор на Албанија е нејзино целосно членство во ЕУ, изјави албанскиот претседател Илир Мета во интервју за грчкиот весник „Вима“. Тој истакна дека Атина и Тирана постигнале согласност за изготвување нов договор за морските гранични зони меѓу двете земји за кои имаат несогласувања. Шефот на албанската држава смета дека двете земји би можеле да го разгледаат и спорното прашање за „чамите“ – албанско етничко малцинство иселено од Грција по Втората светска војна. Како претседател на земјата, а и за време на функциите кои досега сум ги извршувал, секогаш јасно сум истакнувал дека Албанија е еден надежен и конструктивен партнер во регионот, рече Мета.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden