Мицкоски и Николоски на работна вечера со Илир Мета

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски на работна вечера со претседателот на Република Албанија Илир Мета.

На работна вечера со нашиот пријател претседателот на Албанија, Илир Мета. За заедничките предизвици, градењето мостови и иднината која мораме да ја обезбедиме. Македонија мора да оди напред, со надеж за промени, за иднината на сите граѓани – објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата присуствува и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.