Министерот за внатрешни работи Чулев освари средба со Стерјовски претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција и Гроздани генерален секретар на партијата

Министерот Чулев денес во Министерството за внатрешни работи се сретна со Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Албанија и претседател на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција од Албанија и Таќо Гроздани кој е генерален секретар на партијата.

На средбата двете страни разговарaа за актуелната состојба со пандемијата на КОВИД-19, начинот на справување во Албанија, како и во регионите каде живее македонско население во земјата.

Соговорниците заеднички се согласија дека прашањето на македонското малцинство во Албанија е исклучително важно.  Во таа насока Министерот Чулев потенцираше дека Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе дава поддршка на македонците кои живеат во оваа земја.
Advertisement