Министерството за надворешни работи на Турција чувствува загриженост од политичката криза во Македонија

 

Турското министерство за надворешни работи соопшти дека чувствува загриженост од политичката криза во Република Македонија. Во писменото соопштение издадено од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека во Република Турција веќе извесен период се чувствува загриженост поради долгата криза која продолжува во Македонија, со која Република Турција негува добри и пријателски односи уште од времето на нејзиното осамостојување.

Во продолжение од соопштението се додава следното:

„Инцидентите кои што се случија вчера предизвикуваат загриженост.Насилството не претставува решение за било кој проблем.Им посакуваме што побргу оздравување на сите кои беа погодени во синоќешните инциденти. Очекуваме од турската заедница во Македонија која не учествуваше во протестите во земјата да се однесува смирено и разумно. Посакуваме во пријателска Македонија да не се повторуваат слични несакани настани.Ги повикуваме политичките партии на разум и на решавање на проблемите по пат на дијалог.“

Advertisement