Могерини на прием со шес балкански премиери во Брисел

 

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на неформалната вечера со претседателите на владите на Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, што ја закажа за среда (24 мај) ќе ги очекува актуелните премиери на овие шест балкански држави. Поканата е испратена до премиерите. Ние ќе ги потврдиме имињата на оние кои ќе присуствуваат на оваа неформална вечера кога ќе бидеме поблиску до датумот, изјави портпаролката Коцијанчич. 

Advertisement