Познатиот албански професор и поранешен шеф на дипломатијата, Бесник Мустафај смета дека е потребна комплексна истрага во Албанија за обвинувањата дека албански медиуми биле финансирани од тајни фондови на грчкото Министерството на надворешни работи, со цел пласирање инфромации во интерес на Грција.
Ова е многу сериозно, бидејќи ја нарушува независноста на медиумите во Албанија и е сериозно мешање во демократскиот живот. Молкот за ова прашање на албанскиот министер за надворешни работи е сериозно. Треба да се спроведе комплексна истрага за обвинувањата за финансирање на медиумите од тајни фондови на грчкото Министерство за надворешни работи, бидејќи тоа е поврзано со националната безбедност. Потребна е темелна истрага од Обвинителството, како и став на Владата, истакна Мустафај.
Истрага околу тврдењата за финансирање на албански медиуми од грчки тајни фондови претходно побара и Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ), позната како партија на Чамите, протерани Албанци од Грција. Лидерот на партијата, Шпетим Идризи, изјави дека станува збор за национално предавство и побара од претседателот Илир Мета да го свика Советот за национална безбедност, бидејќи, како што рече, земјата е во „вонредна национална состојба“. Во меѓувреме дел од албанските медиуми наведуваат дека освен медиуми пари од тајните фондови на МНР на Грција добивале и политичари.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
